Охрид, 25. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Охридскиот гитарски виртуоз Дамјан Пејчиновски дел од екипата која работеше на новата песна на Силви Бенд „Како во сон“.
– Уживајте во уште едно наше издание – „Како во сон“, прекрасна композиција, создадена со многу љубов и изведена во соработка со нашите драги колеги, Џон Апелгрен и Дамјан Пејчиновски. Ви посакуваме среќни празници, порачаа од Силви бенд.
Композитор на песната е Бобан Мучиќ. текстот е дело на Силвана Мучиќ Плевнеш, а аранжманот на Влатко Плевнеш. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 58