Двете одморалишта на АД Пошта во Охрид се во лоша состојба
ноември 14, 2024

Скопје/Охрид, 14. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Двете одморалишта на АД Пошта во Охрид вредни 6,4 милиони денари, се во лоша состојба и им е потребна санација, а за еден е утврдено и бесправно користење, се наведува во конечниот ревизорски извештај на Државниот завод за ревизија (ДЗР) на АД за поштенски сообраќај – Пошта на Република Македонија во државна сопственост Скопје.

Се додава дека недостасуваат точни и усогласени евиденции за земјиштето и градежните објекти, што влијае на квалитетот на податоците во трговските книги.

Со извршената ревизија, се вели во извештајот, констатирани се и низа други состојби, неправилности и неусогласености од различна природа, кои влијаат на изразување на неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи за 2023 година и за усогласеноста со законската регулатива.

За надминување на констатираните состојби, како што стои во објавеноит извештај од ДЗР, дадени се препораки со цел преземање на мерки и активности од надлежните лица и органи во функција на подобрување на состојбите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука