Охрид, 24. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – Ноќеска, 40 минути по 01:00 часот се случи инцидент при што е нарушен јавниот ред и мир пред кафе бар во Охрид.
– Двајца вработени во обезбедувањето на објектот не им дозволиле влез во истиот на 24-годишните М.Л. и Д.Х., двајцата од Скопје, со образложение дека барот е затворен, информираат од Секторот за внатрешни работи од Охрид, од каде додаваат дека против сите учесници во нарушувањето ќе поднесе соодветна пријава. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива
Прочитано: 3