Лондон, 26. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Младиот фудбалер на Тотенхем Деле Али е суспендиран на 3 натпревари во Европа.Оваа казна му беше изречена од УЕФА и се однесува за настап во еврокуповите за наредната сезона.
Причина за казната е црвениот картон кој 20-годишниот фудбалер го заработи за време на првиот меч на Тотенхем со Гент од 1/16-финалето во Лига Европа.
Деле Али беше исклучен во 40-та минута за груб старт директно во нозете на Брехт Дејагер. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 40