Охрид, 2. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – Ќе се асфалтира дел од улицата „Кеј Македонија“.
Од понеделник ќе започнат градежни активности околу рехабилитација на истата. Поради тоа се до 18-ти јуни, улицата ќе биде затворена за сообраќај и тоа од пресекот со улица „Македонски просветители“ до пресекот со улица „Јане Сандански“.
Од локалната самоуправа апелираат до сите сопственици на возила кои се паркирани на овој потег, истите да ги отстранат. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 24