Приштина, 14. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Албанија и Косово заедно ќе реагираат на секоја вештачка националистика провокација. Ова е заднички став што по средбата во Тирана го изнесоа Мими Кодели албанска министерка за одбрана и Хаки Демоли, министер на косовските безбедносни сили.
– Консолидацијата на косовската држава и неповредливоста на уставните граници всушност беше приоритет во денешната заедничка агенда. Секој обид да се создадат лажни националистички тензии ќе се соочи со нашата непоколеблива заедничка волја цврсто да го продолжиме нашиот најголем сон и сонот на нашите народи за атлантската интеграција на целиот регионот во кој живееме, изјави Мими Кодели.
Таа посочи дека максимално високо го ценат извонредното залагање и досегашната работа на воениот персонал и долгата мисијата на КФОР на Косово. (Крај)
извор: Локално фото: архива