октомври 3, 2022

Охрид, 3. октомври 2022 (ОХРИДПРЕС) – Поради градежни активности, денеска е забрането паркирање на улицата „Даме Груев“.

– Се известуваат жителите од улица „Даме Груев“ и останатите охриѓани дека во понеделник на 03.10.2022 година околу потегот кај Старото Кино ќе започнат градежни активности за санација на фекалната канализација. Поради тоа во тој ден ќе биде забрането паркирање возила на оваа улица, информираат од локалната самоуправа. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука