Струга, 6. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Во Струга продолжуваат активностите во рамките на настанот Денови на младинско вмрежување.
Настанот, на кој ќе се презентираат активностите во Општина Струга, ќе се одржи денеска во 12:00 часот, во канцеларијата на ЗРА АКВА.
Можност за учество на настанот имаат младински организации, неформални младински групи, средношколски и студентски претставници, претставници на политички подмладоци и други. Секоја организација може да номинира по еден претставник за учество на овој настан.
Деновите на вмрежување настани, кои вклучуваат сесии за дефинирање на структурата, мисијата, визијата и документите потребни за основање на младински совети. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 8