Охрид, 3. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – Денес ќе се одржи вториот по ред спортски настан „Охрид трчаТ“, на кој ќе настапат над 1.000 натпреварувачи на трките на 5 и 10 километри.
Улицата „Македонски просветители“, од пресекот со улица „Партизанска“ до пристаништето, заедно со кружниот тек, од синоќа во 20:00 часот, па се` до 14:00 часот денес ќе биде затворена за сообраќај.
Најавено е присуство на познати лица. Во Охрид ќе трчаат американскиот амбасадор во Македонија Џес Бејли, амбасадорот на Европската Унија Самуел Жбогар, потоа министрите Драган Тевдовски, Венко Филипче и Дамјан Манчески, ќе биде и петкратната учесничка на Летните Олимписки игри и балканскиот шампион, Оливера Јевтиќ, големиот херој и вљубеник во спортот Јане Велковски, директорот на полумаратонот во Дубровник, директорот на „Run Bulgaria“, како и многу музички ѕвезди.
Настанот ќе биде пренесуван во живо на официјалниот YouTube канал. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес