Охрид, 17. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Согласно Законот за празници на Република Македонија, денес, втор ден од Велигден според православниот календар, е неработен ден за сите граѓани на Македонија.
За припадниците од православна вероисповед, петокот исто така беше неработен ден.
Продолжениот викенд донесе бројни туристи во Охрид, претежно од соседните земји. Според посетеноста за празниците, туристичките работници ќе ги прават калкулациите за претстојната туристичка сезона. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 22