Охрид/Битола, 5. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Битолска апелација го враќа случајот со убиството на младиот охриѓанец Димитар Матилоски, на повторно судење.
Бранителите бараат поблага казна за србинот Бојан Угреновиќ, кој на Новогодишната ноќ 2016 година, свирепо до смрт го претепа Матилоски.
Угреновиќ доби затворска казна од 16 години. Бранителите бараат поблага казна, додека охридската и македонска јавност бараа да му се одреди доживотна казна.
Повторното судење е закажано денес. (Крај)
извор: ОхридНет фото: архива
Прочитано: 38