Охрид, 2. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде променливо облачно, по одделни котлини со ниска облачност и појава на магла особено претпладне.
Во крајните западни делови ќе има слаб локален дожд, а на повисоките планини слаб снег.
Утре ќе има услови за слаб локален дожд во крајните западни делови, додека во сабота и недела на повеќе места се очекуваат повремени врнежи од дожд со слаб, а во западните делови со умерен интензитет. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Температурата ќе има тенденција на натамошен пораст што ќе предизвика топење на снежната покривка.
Во Охрид денес температурата до 8 степени. (Крај)
извор: Метео фото: архива
Прочитано: 35