Охрид, 26. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Денес во спортската сала „Билјанини извори“ ќе се одигра хуманитарен кошаркарски турнир за помош на нашиот сограѓанин Трајан Целески – Тачо.
Тачо боледуваше од тумор Астроцитома, па му беа потребни средства за операција во Италија. Младиот охриѓанец беше опериран, а сега се потребни финансии за неговата рехабилитација.
Средствата кои ќе бидат собрани на хуманитарниот турнир, ќе бидат донирани на сметката која е отворена за помош на младиот спортист Трајан Тачо Целески.
Турнирот ќе започне точно во 12:00 часот во спортската сала „Билјанини извори“. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 25