Скопје/Охрид, 4. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Поради густата магла вчера беше отежнато работењето на скопскиот аеродром.
Дел од летовите беа откажани, а дел пренасочени на аеродромот „Свети Апостол Павле“ во Охрид и во соседните земји.
Откажан беше летот за Виена и Истанбул. Авионите пак од таму за до скопскиот аеродром се вратија назад. Летот од Загреб беше пренасочен во Приштина, а авионот од Базел слета во Охрид.
Скопскиот аеродром поради магла речиси секоја година во зимскиот период има проблеми во работењето. Денес е нормализирана состојбата на аеродромот „Александар Велики“, велат во дописот од ТАВ Македонија. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 36