мај 17, 2018

Охрид, 17. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на следните неколку дена ќе биде објавен јавниот повик за издавање на охридските плажи под концесија, по пат на електронско јавно наддавање.

Денеска се одржа уште една средба на градоначалникот Јован Стојаноски со постојните и идни концесионери на плажите во Охрид на која стана збор за текот на постапките околу стопанисувањето со плажите во пресрет на годинашнава главна туристичка сезона.

Закупците беа информирани дека почетната цена за јавното наддавање ќе биде 90 денари за метар квадратен, за плажите во централното градско подрачје и за прва зона. И овој пат плажите ќе се издаваат за период од пет години. Доколку некоја од понудените не добие закупец во првиот обид, јавното наддавање ќе биде повторено или истата ќе остане како општо добро.

koncesioneri sredbaШто се однесува до плажите пред хотелите, кои се издаваат по пат на непосредна спогодба, градоначалникот информира дека до нив ќе биде упатен уште еден повик да се пријават. Во спротивно плажите пред хотелите, согласно закон, ќе мора да се објават за јавно наддавање.

Уште еднаш беше потенцрано дека законска обврска на идниот концесионер е соодветно да го одбележи капалиштето и да ангажира спасителска служба. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука