Охрид, 2. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Националната установа, Центар за култура „Григор Прличев“ од Охрид, новата 2024 година ја започнува со реприза на детската театарска претстава „Лист, камен и ножички“ на Детското драмско студио „ДрамаКидз“.
Претставата ќе се игра во петок, на 5-ти јануари 2024 година, со почеток во 19:00 часот, во малата сала. Билетите се продаваат по цена од 150 денари.
Детското драмско студио „ДрамаКидз“ работи во рамки на НУ Центар за култура „Григор Прличев“. Целиот процес од почетокот го следат 21 член, деца-актери на возраст од 9 до 14 години од сите училишта во градот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 29