Охрид, 29. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Весела новогодишна атмосфера имавме и денеска на Градскиот плоштад во Охрид, како дел од новогодишната прослава, благодарение на детската театарска претстава „Ракавиците на Дедо Мраз“.
Преку интересна приказна исполнета со забава и многу музика, џуџињата, Снежана, волкот и зајакот го пронајдоа сокриениот Дедо Мраз и му ги вратија изгубените ракавици.
Празничната програма за најмладите на Градскиот плоштад продолжува утре, со детскиот театарски хит „Далматинко и Дедо Мраз“ со почеток во 12:30 часот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 23