Скопје/Охрид, 28. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во ООУ „Наум Наумовски – Борче” во скопската населба Маџари во изминатите два дена се одржа младински шаховски турнир на кој учествуваа 106 млади шахисти од земјава поделени во три категории.
На турнирот учествуваа членови на Шаховската школа „Ласкер“ од Охрид.
На ОПЕН турнирот кој се рејтингуваше, учествуваа 74 шахисти. Турнирот беше организиран по повод патрониот празник на ООУ „Наум Наумовски – Борче“ во соработка со општина Гази Баба и Шаховската федерација на Македонија. Учествуваа шахисти од скоро сите шаховски школи во Македонија. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 24