Скопје, 9. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Дејан Манасков кој настапуваше за Металург, кариерата ќе ја продолжи во германската Бундеслига, во тимот на Вецлар.
Со германскиот бундеслигаш Манасков потпишал договор до крајот на сезоната и ќе игра заедно со хрватот Ивано Балиќ и поранешниот играч на Металург, Владан Липовина.
Покрај Манасков во Бундеслигата до крајот на сезоната ќе игра и Филип Миркуловски кој ќе настапува за Хановер.(Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 7