март 19, 2018

Охрид, 19. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2017 година, активното население во Република Македонија брои 954.212 лица, од кои се вработени 740.648, а 213.564 лица се невработени.

Стапката на активност во овој период е 56,8, стапката на вработеност 44,1, додека стапката на невработеност изнесува 22,4 отсто, што е намалување во однос на 2016 година кога стапката на невработеност изнесувала 23,7 отсто односно без работа биле 225.049 лица.

Математиката покажува дека во периодот 2016/2017 година бројот на невработени се намалил зa 11.485 лица. (Крај)

извор: ДЗС фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука