Лондон, 6.мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Англиските медиуми пишуваат дека Диего Коста веднаш по завршувањето на оваа сезона ќе се пресели во Кина, откако потпишал и преддоговор со екипата на Тианјин.
Тренер на тимот е Фабио Канаваро, а дресот на овој клуб го носат и Аксел Витсел и Александре Пато.
Според медиумите сите детали се веќе договорени, а Коста ќе потпише договор за неверојатни 30 милиони евра годишно. Челси ќе добие 90 милиони евра од продажбата на Коста за ангажман на нов голгетер, сума со која може да го купи Ромелу Лукаку од Евертон. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 16