Скопје/Охрид, 4. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Малопродажните цени на бензините остануваат исти, додека дизелот од денес, па во наредните две недели поевтинува за 1,5 денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Според одлуката, ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по цена од 65 денари, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 по цена од 67 денари за литар. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ ќе изнесува 50,50 денари за литар, додека на Екстра лесното масло за домаќинствата 39 денари.
Поевтинува и мазутот, така што ќе се продава по цена од 25,636 денари за килограм. (Крај)
извор: rke фото: архива
Прочитано: 22