Охрид, 26. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – Задоволителен одзив имаше на денешната крводарителска акција, што се реализира во просториите на ОСУ „Св. Климент Охридски“.
Во четирите часа, колку што траеше акцијата, драгоцената течност ја даруваа 30 лица.
Денешната акција е во насока на обезбедување доволни количества крв и крвни продукти за потребите на охридските здравствените установи во пресрет на летната сезона.
Следна крводарителска акција ќе биде онаа традиционалната на Плаошник, на 9-ти август, на празникот на Свети Климент Охридски. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 7