Париз, 30. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Украинскиот тенисер Дмитри Баданов е доживотно суспендиран поради местење натпревари.
30-годишниот Баданов е прогласен за виновен затоа што беше откриено дека наместил два меча на фјучерси во Тунис пред три години, а во Египет во 2016 година бил поврзан со обложување. Покрај тоа, Украинецот мора да плати и парична казна од 100.000 долари.
Во својата кариера, Баданов најдобриот пласман на АТП ранг листата го имаше во 2015 година кога стигна до 463. позиција. Тој е втор суспендиран тенисер за само една недела, по Николас Кикер од Аргентина. (Крај)