јуни 21, 2018

Охрид, 21. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – Здружението за еднаква застапеност на лица со посебни потреби во медиумите „СОС БалканМедиа“ од Охрид утре ќе ја реализира донацијата во пристапни рампи за лица со посебни потреби вредна 25 илјади евра.

На настанот ќе присуствуваат и министерот за здравство во Владата на Република Македонија Венко Филипче и градоначалникот на Охрид проф. д-р Јован Стојаноски.

– Со овој чин се завршува првата фаза со која лицата со посебни потреби ќе добијат пристап до секоја институција, а општина Охрид ќе стане првата општина во државата каде лицата со посебни потреби ќе добијат едношалтерска услуга и сите потребни документи општината ќе им ги доставува преку лице со лесен телесен хендикеп. Ова лице ќе биде вработено во општина Охрид, која и официјално ќе биде првата општина која на овој начин ги отвора своите врати за лицата со хендикеп, информираат од „СОС БалканМедиа“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука