Охрид, 4. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Во пресрет на празникот Велигден, од салоните за мебел „Гир Риг“ информираат дека продолжуваат со изненадувањата за своите купувачи.
– Време е за дополнителен, празничен попуст од 5% на веќе намалените цени, не само на производите од актуелниот флаер, туку на целокупниот асортиман во нашите салони. Искористете ја акцијата која трае од 5-ти до 14-ти април 2018 година и купувајте мебел по најниски цени, современ дизајн и врвен квалитет, информираат од „Гир Риг“.
Салонот во Охрид започна со работа во 1994 година. Низ годините „Гир Риг“ прерасна во општествено одговорна компанија која е нераскинлив дел од животот на потрошувачите – години на посветеност и грижа за потрошувачите и продажба на најквалитетни производи. Во 2009. година компанијата отвори салон во Битола каде по многу кратко време беше препознаена како сериозен партнер. Во 2011. година „Гир Риг“ беше прогласен за најпопуларен салон за мебел на територијата на Битола. Компанијата денес поседува модерен салон во Битола на преку 500 м2. Во 2013. година „Гир Риг“ отвори салон на над 1.000 м2 во Кичево, каде со својот докажан квалитетен асортиман и простапни цени, салонот стана лидер во својата дејност во тој регион. Во 2015. година во рамките на салоните во Охрид, Битола и Кичево беа отворени специјализирани продавници за продажба на душеци и системи за спиење од светски познатиот бренд „Dream by Almak“. Во 2016. година „Гир Риг“ во соработка со „Dream by Almak” го отвори првиот „Sleep Shop” односно специјализирана продавница за продажба на душеци и системи за спиење во Струга. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива