Охрид, 24. октомври 2014 (ОхридПрес) – Најновото филмско остварување „До Балчак” на режисерот Столе Попов премиерно пред охридската публика ќе биде прикажано на 3-ти ноември во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток 20:00 часот.
Филмот „До Балчак” е работен по сценарио на Горан Стефановски, ко-сценарист Столе Попов, директор на фотографија е Апостол Трпевски, музиката е на Дуке Бојаџиев, сценограф Миленко Јеремиќ, а костимограф е Емилија Ивановска.
Главните улоги ги толкуваат: Инти Шрај, Мартин Јордановски, Сашко Коцев, Тони Михајловски, Мики Манојловиќ, Искра Ветерова, Никола Којо, Сенко Велинов, Никола Ристановски. (Крај/А.Р.)
извор: Супер радио фото: архива
Прочитано: 12