март 27, 2018

Скопје, 27. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Владата денеска ја разгледа и усвои Информацијата за предлог договорот за доделување на државна помош за инвестицијата на германската компанија Leopold Kostal GmbH & Co. KG за реализација на инвестициски проект на територијата на Општина Охрид, како браунфилд инвестиција во постоечките капацитети на индустрискиот комплекс „ЕМО ОХРИД“.

Помошта е наменета за обука на вработени, тест производство и сериско производство на мехатронски делови составени од електроника, прекинувачи и конектори наменети за автомобилската индустрија. (Крај)

извор: Макфакс фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука