Скопје/Охрид, 10. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Просечната цена на становите во центарот на Охрид е 1 200 евра за метар квадратен, додека во периферијата просечната цена е 800 евра.
Очекувано, цената за метар квадратен варира во зависност од атрактивноста на локацијата и квалитетот на градбата.
Според најновите податоци на Државниот завод за статистика, просечната цена на 1 м2 станбена површина во 2016 во Охрид и другите градови е за 1.6% помалку во споредба со 2015 година. Што се однесува до просечната цена на 1м2 во второто полугодие од 2016, таа е намалена за 5.9% во однос на првото полугодие.
Во Охрид најбарани се гарсониерите и еднособните станови. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 39