Д-р Идоски: Добро е да разговараме за превенцијата и како да се намали бројот на кардиеваскуларни заболувања и смртноста (Фото/Видео)
декември 7, 2024

Охрид, 7. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Бројни граѓани од Охрид и пошироката околина денеска ја искористија можноста бесплатно да се информираат, да поразговараат и да решат одредени дилеми за своето или здравјето на најблиските со д-р Енвер Идоски супспецијалист по кардиологија, дел од тимот на Жан Митрев Клиниката во Скопје.

Знаеме дека кардиеваскуларните заболувања се за жал најчестата причина за смртност, не само во нашата држава, токму воопшто и во светот. Би било добро да поразговараме за превенцијата, како да се намали тој број на кардиеваскуларни заболувања и, соодветно, смртноста, која што е на прво место од кардиеваскуларните заболувања во светски рамки. Превенцијата е основниот дел на кој што треба ние лекарите, сите, не само кардиолозите, да се насочиме и да успееме барем некој процент да ја намалиме оваа стапка на смртност како резултат на кардиеваскуларните заболувања, изјави д-р Идоски за Супер радио и Ohridpress.

– Прво би требало да ги знаеме ризик-факторите кои водат до кардиеваскуларни заболувања. Шеќерната болест, високиот крвен притисок, високото ниво на холестерол во крвта и пушењето цигари се 4-те основни ризик-фактори за развивање на атериосклерозата. Доколку овие ризик-фактори може да ги модифицираме, тоа се таканаречени модифицирачки ризик-фактори на кои што ние може да влијаеме и треба да влијаеме. Соодветно, колку ги намалиме овие ризик-фактори, во значителен степен и кардиоваскуларните заболувања ќе се намалат, односно ќе влијаеме на артериосклерозата, која е во суштина основната причина за инфаркт на срцето и мозочен удар. Соодветно, инвалидитетот во нашата држава, соответно и во светски рамки би се намалил значително, а би се намалило и отсуството од работа. Поради тоа, основно е да започнеме со зголемениот артериски притисок. Значи, тука е горна граница 140-190 систолен и диастолен притисок. Соодветно, над тоа веќе треба да се консултира кардиолог или матичниот лекар, и да се дадат препораки. Меѓу првите препораки е немедикаментозен третман на артерискиот притисок, но што вклучува тоа? Станува збор за ограничување на користење на сол во исхраната, избегнување на храна кои што содржи поголема количина сол, или одстранување, доколку е можно, на солта од нив. Со самото тоа, значително може да се намали притисокот, потенцира д-р Идоски.

News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...

Тој додава дека поголемата физичка активност, исто така, носи до намалување на крнвниот притисок, но и до регулирање на телесната тежина.

– Доколку, еден краток временски период не успееме да го регулираме крнвниот притисок, после тоа, веќе имаме на располагање цела палета на лекови од различни групи, за да го регулираме притисокот. Како ќе го регулираме притисокот? Само со диета. Дали со една група на лекови, со друга, со два, три или повеќе лекови, нема толку значење, колку што значајно да го регулираме притисокот. Притисокот мора да ни е во референтни граници. Вториот ризик фактор на зголеменото ниво на холестеролот е истиот принцип. Потребно е од почеток, кога ќе ги констатираме повисоките вредности на холестеролот, да започнеме со диета. Да го насочиме пациентот кои видови храна да ги избегнува. Не значи тоа воопшто да не се консумира, но храната која содржи високо ниво на холестерол, треба да се избегнува. Соответно, ако тоа не помогне, исто така имаме групи на лекови кои можат да се дадат и да се регулира нивото на холестеролот. Во нашата болница, „Жан Митрев клиника“ во Скопје, може да се извршат сите испитувања неопходни за да се открие дали е започнат процес на артериосклероза или до кој степен е веќе тој процес. Дали има ризик од појава на инфаркт или мозочен удар? Доволен е еден преглед, доволно е една ехографија да се направи, да се видат примерно каротидните артерии, да се направи доплер на каротидните артерии, и тоа соответно ќе ни покаже каков е ризикот, потенцира д-р Идоски за Супер радио и Ohridpress.

Ова беше уште една успешна активност на канцеларијата на „Жан Митрев Клиник“ во Охрид, која ја продолжува мисијата за промоција на здравјето и превенцијата.

News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...

Ми представува чест и задоволство да го најавам и да се заблагодарам на денешниот наш гостин, субспецијалист, доктор Емвер Идоски, еден од кардиолозите во „Жан Митрев клиника“. На наше задоволство, во престрет на празниците кои ни доаѓаат да ја испратиме оваа година со сите оние ризици за кои докторот ќе зборува во неговото обраќање, да ги намалиме и да бидеме активни партиципиенти во зачувување на нашото здравје, зголемувајќи ја точно онаа ставка која што не вклучува сите во подобрување на квалитетот на живот, а тоа е активно партиципирање во сопственото здравје, истакна Татјана Ристова- Димова од Референтниот Центар „Жан Митрев Клиник“ од Охрид.

– Оваа активност за бесплатен разговор и информации во Референтниот центар на канцеларијата на „Жан Митрев клиника“ во Охрид, токму ја наменивме за сите граѓани во подрачјето на Охрид, кои сакаа и имаа потреба да поразговараат и да се информираат во превентивниот дел и во се’ она што може да значи за нив поголема активност, намалување на ризиците и активна грижа за себе. Затоа и насловот на оваа акција токму беше опфатен во една општа порака – „Подобро здравје за секој поединец“, додаде Ристова- Димова.

Нудат уште многу дијагностички, интервентни и третмански здравствени процедури. Информирај се, разговарај и закажи преку канцеларијата на референтниот центар „Жан Митрев клиник“ во Охрид. Телефонот е 071/313-301, на кој можете да ги контактирате за сите дополнителни детали.

Повеќе за референтниот центар „Жан Митрев клиник“ во Охрид ОВДЕ. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео:

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука