Скопје, 9. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Евровизиската песна со наслов „Lost and found“ со којашто Ај Кју ќе ја претстават Македонија на 63-тото издание на Евровизија, премиерно ќе биде прикажана во недела на 11-ти март.
Песната ќе биде промовирана со видео запис во Дневник 2 на МРТ со почеток во 19:30 часот. Режисер на видео спотот е Јован Куциновски.
Автор на музиката и текстот на песната е гитаристот и вокал на групата Бојан Трајковски, а за аранжманот и продукцијата се погрижи Дарко Димитров.
63-та Евровизија годинава ќе се одржува во Лисабон, Португалија, од 8-ми до 12-ти мај. Ај Кју настапуваат во втората половина на првата полуфинална вечер на 8-ми мај. Конечниот редослед дополнително ќе биде одреден од страна на продуцентите на шоуто. (Крај)
извор: МРТ фото: архива