април 7, 2017

Буенос Аирес, 7. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Едгардо Бауза ќе продолжи да ја извршува функцијата селектор на Аргентина по разговорите што искусниот стручњак ги имал со првиот човек на Аргентинската Фудбалска Асоцијација.

Медиумите шпекулираа дека Бауза сигурно ќе биде сменет по поразот од Боливија, откако Аргентина падна на петтото место и се соочи со опасност да не обезбеди мундијалска виза.

„Гаучосите“ моментно се петтопласирани во јужноамериканските квалификации со 22 бода, зад Бразил ,Колумбија ,Уругвај и Чиле. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука