Париз, 26. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Уругвајскиот фудбалер Едисон Кавани ќе остане на „Паркот на принцовите“ до 2020 година.
Кавани и официјално стави потпис на новиот договор, со кој се обврзува и во наредните три сезони да игра во дресот на „светците“. Тој оваа сезона блеска во ПСЖ и има постигнато 44 гола во сите конкуренции.
Уругваецот во ПСЖ дојде во 2014 година од редовите на Наполи за сума од 60 милиони евра. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 21