јануари 22, 2018

Охрид, 22. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Нивото на водата во Охридското езеро е блиску до просекот за месец јануари.

Според последните мерења од УХМР, езерската вода е на  котата од 693,34 метри надморска височина, односно 17 сантиметри над нултата кота (693,17). Со оглед на тоа што просекот за овој месец е 693,38 метри надморска височина, значи водостојот е во рамки на очекуваното.

Температурата на водата во Охридското езеро изнесува 5. степени.

Кога сме кај водостојот на реките, последните мерења евидентирале повисоко ниво е забележано на Црн Дрим кај Ложани и Сатеска кај Ботун. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука