Лондон, 5. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Играчот на Челзи, Н’Голо Канте е прогласен за најдобар фудбалер на градот Лондон за сезонава, додека менаџерот на Челзи, Антонио Конте ја доби наградата за најдобар менаџер.
Деле Али од Тотенхем беше прогласен за најдобар млад фудбалер од главниот град, а голманот на Тотенхем, Хуго Лорис беше избран за најдобар чувар на мрежата.
Ветеранот Френк Лампард доби награда за животно дело, откако помина 13 сезони во дресот на Челзи. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 21