октомври 17, 2017

Лондон, 17. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Енди Мареј почна со работа на терените на Вимблдон како дел од подготовките за враќањето по повредата на колкот, објавија британските медиуми.

Светскиот рекет број 3 паузира од поразот во четврт-финалето на Вимблдон од Сем Квереј поради проблемите со повредите, но сега првпат е забележан да тренира по подолго време.

Шкотланѓанецот најави дека нема да се враќа на тенисот во 2017 година за да добие повеќе време за сериозно закрепнување, со што би го следел примерот на Роџер Федерер, кој паузира шест месеци во 2016 година за да има неверојатно враќање на терените оваа сезона.

Сепак, Мареј ќе се сретне со Федерер на егзибициски меч во Глазгов на 7 ноември, иако ќе ги пропушти АТП-финалето во Лондон. Најавите велат дека неговиот прв официјален турнир ќе биде „Бризбејн интернешнл“ пред Австралија опен во јануари 2018 година. (Крај)

извор: Макфакс фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука