Торино, 11. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Фудбалскиот клуб Јувентус го официјализираше трансферот на Бразилецот Ернанес во кинескиот клуб Hebei China Fortune. Јувентус од трансферот ќе заработи 10 милиони евра
.
Ернанес во кариерата бил играч на Сао Паоло и Лацио, а во Јувентус пристигна во 2015 година од Интер. За време на престојот во Торино тој одигра само 35 натпревари за старата дама.
Ернанес во кинескиот Hebei ќе игра заедно со Жервињо и Лавеци, а тренер е чилеанецот Мануел Пелегрини. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 18