февруари 27, 2018

Охрид, 27. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Наместо во Париз, во куќата на Жан Моне, пратениците во Охрид ќе се обедат да стигнат до приближување на ставовите и обединување на политичките актери во земјата.

Ова според собраниски извори е новиот план кој што вчера бил договорен со европратеничката тројка Кукан, Вајгл и Фланкештајн на средбата со претседателот на Собранието, потпретседателите и координаторите на пратеничките групи, јави Тв 24 вести.

Според информациите, на состанокот бил и новиот координатор на ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев, но бил и Илија Димовски. Опозицијата не се изјаснила дали ќе присуствува во процесот.

Собранискиот деловник, етичкиот кодекс, дијалогот власт-опозиција треба да биде дел од агендата. Терминот треба да биде од 15-ти до 17-ти март. (Крај)

извор: Тв 24 вести фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука