Мексико Сити, 30. јануари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Една жена и две деца загинаа, а десетици беа повредени во експлозија на танкер со гас во педијатриската болница во Мексико Сити.
Експлозијата уништени околу 70 отсто од зградата, во делот на породилните одделенија, а повеќе од 70 лица беа повредени, јавија официјални лица.
Три лица беа уапсени под сомнение дека се вмешани во експлозијата, а двајца од нив се хоспитализирани. Некои од повредените беа евакуирани со хеликоптер.
Мексиканскиот претседател Енрике Пења Нието изрази сочувство и солидарност со семејствата на жртвите. (Крај)
извор: ОхридПрес/АП фото: архива
Прочитано: 3