Охрид, 2. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Вчера попладне во 14.45 часот во Охрид, на улицата „Јане Сандански“ се случила сообраќајна незгода.
Едно патничко моторно возило управувано од 22-годишниот охриѓанец М.Ј., удрило во пешакот Ѓ.В. (67) од Охрид. Ѓ.В. се здобила со тешки телесни повреди, по што била пренесена во Медицински центар Охрид, каде ѝ била укажана лекарска помош. Потоа била префрлена и задржана во специјалната болница за трауматологија „Св.Еразмо“ на понатамошно лекување.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Охрид. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 32