Барселона, 07. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Дефанзивецот на Барселона, Жерар Пике, ќе му биде на располагање на тренерот Луис Енрике за вечерашниот реванш-натпревар од „Копа дел Реј“ против Атлетико Мадрид.
Тој се повреди на првенствениот натпревар против Атлетик Билбао и беше повлечен од игра на почетокот од второто полувреме.
Пике изминатите денови тренирал со остатокот од екипата и ќе биде на располагање за денешниот дуел против „јорганџиите“, во кој Барселона има предност од 2-1 од првиот меч. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 19