октомври 1, 2017

Шангај , 1. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Португалскиот стратег, Андре Виљаш-Боаш моментално работи во Кина како тренер на тамошниот прволигаш Шангај СИПГ.

Неговиот тим моментално се наоѓа на втората позиција на табелата со четири бода помалку во однос на лидерот.

Виљаш-Боаш крајот на последниот меч не го дочека на тренерската клупа, туку на трибините, а причината е неговата гестикулацијата кон судијата. Имено, Виљаш-Боаш со гестикулација сакаше да каже дека судијата е поткупен, а потоа Кинескиот сојуз жестоко го казни.

Португалецот е суспендиран на дури осум натпревари, а ќе мора да плати казна во износ од 5000 евра. Тоа значи дека Виљаш-Боаш оваа сезона веќе нема да ја предводи екипата бидејќи до крајот на шампионатот останаа уште само четири кола.

За потсетување, ова не е првпат Виљаш-Боаш да добие санкција поради слични работи, бидејќи пред неколку месеци исто така е казнет поради одбрана на својот фудбалер Оскар при дуел во кој тој неспортски реагираше. (Крај)

извор: Спортски.мк фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука