Битола/Охрид, 13. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – СВР Битола поднесе кривична пријава против 27-годишната З.Р. од охридското село Лескоец, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“.
На 17-ти јануари годинава во продавница во Битола пријавената платила со фалсификувана банкнота во апоен од 1.000 денари.
Од извршената анализа од страна на Народна Банка на Република Македонија со акт од 22-ти февруари оваа година, било потврдено дека предметната банкнота е фалсификат. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 20