февруари 6, 2018

Охрид, 6. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 60-годишниот Р.Т. од охридското село Лескоец, поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „загрозување на сигурноста” и „злоупотреба на лични податоци”.

– Тој во период од 13-ти до 18-ти минатиот месец, од неговиот мобилен телефон упатувал СМС пораки со навредлива содржина, а потоа смс пораки со сериозни закани по животот и сигурноста на Ж.Ш. од Охрид со што, предизвикал чувство на страв, вознемиреност и несигурност кај оштетената. Пријавениот Р.Т. на неговиот Фејсбук профил без согласност од оштетената објавувал слики кои претходно ги прибрал од нејзиниот Фејсбук профил под кои пишувал текст со навредлива содржина, нанесувајќи и штета по нејзиното достоинство, информираат од СВР Охрид.

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука