Ресен/Охрид, 13. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „измама“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.Б. (44) од ресенското село Царев Двор.
Пријавениот кон крајот на минатата година, договорил средба со Ќ.И. од Охрид и во неговиот дом, со лажно прикажување, успеал да го наведе да направат договор за купопродажба на 55.000 килограми јаболка од сортата „Ајдарет“ за сума од 621.000 денари.
Бидејќи до крајот на јануари оваа година, на Ќ.И. не му била извршена исплата од договорената купопродажба на јаболката, дознал дека е доведен до заблуда по што настанот го пријавил во СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива
Прочитано: 27