Струга, 11. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Синоќа во близина на струшкото село Ложани, 20-годишниот С.Ќ., работел со трактор на пат покрај реката Црн Дрим.
Изгубил контрола над тракторот по што се превртел во реката. Веднаш бил пренесен во Медицински центар Струга, а поради сериозноста на повредите бил пренесен во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Повредениот бил задржан на лекување.
Увид на местото на настанот извршила екипа од полициската станица Струга. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 25