јануари 3, 2023

Охрид, 3. јануари 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 2. јануари 2023 година, во 13:00 часот на Граничниот премин Аеродром „Св. Апостол Павле“ во Охрид, полициски службеници го лишиле од слобода 36-годишниот Е.К. од Република Турција, затоа што при пасошка контрола било констатирано дека хрватската патна исправа што ја приложил на увид била фалсификувана.

– Исто така, при преглед кај него биле пронајдени фалсификувани хрватска лична карта и хрватска возачка дозвола. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Охрид за понатамошна постапка, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука