Париз, 22. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Францускиот весник „Екип“ тврди дека играчот на ПСЖ, Серж Орие од следната сезона ќе игра за Манчестер Јунајтед.
Весникот тврди дека Манчестер Јунајтед и ПСЖ се договориле околу пристигнувањето на 24-годишниот бек на „Олд Трафорд“, а „црвените ѓаволи“ за него ќе платат 20 милиони евра.
Орие заработи два месеци затвор поради напад на полицаец, а моментално е под истрага на ФИФА поради недолична закана кон противнички фудбалер. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 20