Охрид, 10. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Го оставаме зад нас велигденскиот викенд, кога Охрид беше повеќе од солидно исполнет, што е одлична најава за туристичката сезона која е пред нас.
Покрај домашните гости, меѓу кои доминираа оние од Скопје, Битола и Прилеп, традиционално најбројни беа гостите од Србија, Албанија, Бугарија, а можеа да се забележат и бројни посетители од Турција и многу други земји.
За впечатокот и уживањето во Охрид помогна и убавото време, кое ги наполна терасите на кафе баровите, хотелите и рестораните со гости. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 24