Лондон, 23. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Играчот од средниот ред на Арсенал , Санти Казорла, според најновите лекарски прогнози нема да му биде на располагање на Арсен Венгер до крајот на сезоната.
Шпанецот ја повреди ахиловата тетива во октомври, поради која еден месец беше надвор од терените и неговото враќање се очекуваше кон средината на декември минатата година но тоа не се случи. Поради спорото заздравување од повредата неговото враќање на теренот се очекуваше кон крајот на месец април, но тоj не е доволно опоравен и за него оваа сезона е завршена.
Иако е повреден Казрола доби понуда од Арсенал да го продолжи договорот на уште една година што значи дека тој во Лондон ќе остане до јуни 2018 година(Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 38